Реал Мадрид ќе се обидат да го донесат англискиот голгетер Хери Кејн на „Сантијаго Бернабеу“ со неверојатна понуда до тимот на Тотенхем – 150 милиони евра, и како бонус враќање на Герет Бејл, тврди шпанскиот весник „Спорт“.
„Спарс“ и нивниот сопственик Даниел Леви долго време кажуваат дека Кејн не е на продажба, меѓутоа „Лос бланкос“ се надеваат дека оваа „супер-понуда“ ќе го убеди да се согласи на овој неверојатен трансфер. Според „Спорт“, Тотенхем го ценат Кејн на 200 милиони евра.
Сепак, Реал ќе има конкуренција за потписот на Кејн во Манчестер јунајтед, кои според шпекулациите нема да штедат на засилувања во јануари и во текот на летото. Кејн ја заврши 2017 како најдобар стрелец во топ 5 лигите, со неверојатни 57 голови во сите натпреварувања, а неодамна изјави дека не би му било проблем да се пензионира со тимот на Тотенхем.