Top Sport

Реал одбиле шест понуди за Марко Асенсио

Марко Асенсио (23) е еден од милениците на Зинедин Зидан и поради тоа нема шанси да го напушти Реал Мадрид, иако летово во клубот пристигнале неколку понуди.

Зидан, во својот прв мандат го врати Асенсио од Еспањол, каде играше како позајмен играч и од него направи „џокер“, од осно фудбалер кој секогаш кога ќе влезе од клупата може да го раздвижи тимот.

Минатата сезона, како и за целиот клуб, беше лоша за Асенсио. Тој забележа шест гола и девет асистенции на 44 одиграни натпревари.

„Вкупно Реал ова лето одбиле шест понуди за Марко Асенсио“, објави радиото Кадена САР, без да ги објави сумите што ги одбиле во Мадрид.

Она што се знае е дека една од тие понуди пристигнала од европскиот првак Ливерпул.

Scroll to Top