Top Sport

Реал оди во Киев без својата „среќна посада“

Реал Мадрид не по своја желба мора да смени дел од плановите за финалниот меч во Лигата на шампионите. Имено, експедицијата на Реал, во Киев, нема да ја однесе посадата, која беше со тимот на значајните натпревари во изминатите три години.

„Оваа година ќе патуваме со голем „Ербас 340“. Посадата што не возеше досега нема квалификации за да управува со таков авион. Тие управуваат со сличен, но значително помал авион. За преквалификација им треба три месечен курс а ние немаме врема да ги чекаме“, рекол за весникот „Марка“ неименван извор од клубот.

Пилотот Хуан Рамон Бонет, копилотот Александро Буксона и стјуардесата Делиа Соса, секогаш биле со играчите на Реал кога клубот патувал на финалните мечеви во Лигата на шампионите.

Се започнало во полу-финалето во 2014 година и оттогаш играчите на Реал секогаш ја барале истата посада за своите летови.

Scroll to Top