Top Sport

Реал пак го позајми Одегард, овојпат на Витесе

Фудбалерот кој го најавуваа како најголема ѕвезда на Реал Мадрид, повторно ќе игра во Холандија, откако „кралскиот клуб“ го позајми Мартин Одегард на Витесе од Арнхем.

19-годишниот Норвежанец минатата сезона ја помина во Херенвен, и досега има само еден настап за Реал Мадрид, не успевајќи големата фама околу неговиот талент да ја покаже на теренот.

Одегард беше забележан како 15-годишник за норвешкиот клуб Стромгодсет, по што во 2014/15 го „бркаа“ тимови како Ливерпул, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен, Арсенал и Манчестер сити. Сепак, тој стана „галактико“ во јануари 2015 година, кога Реал плати 2.5 милиони фунти за него.

Scroll to Top