Top Sport

Реал пак се заинтересираа за Погба, но само ако е на „попуст“

Интересот на Реал Мадрид за Пол Погба повторно се појави откако Манчестер јунајтед најавиле дека тој може да замине во текот на летото за релативно ниска цена од 60-тина милиони евра. Според шпанскиот „АС“, Мадрид дури би го одложиле најавениот трансфер на Едуардо Камавинга од Рен, за да го донесат Французинот на „Бернабеу“.

Договорот на 27-годишниот Погба завршува во 2022 година, но откако тој веќе не е редовен стартер под Оле Гунар Солскјер, со само еден старт во последните четири меча од Премиер лигата, „ѓаволите“ би биле подготвени да се разделат со човекот за кого платија 100 милиони евра, откако претходно го пуштија како слободен играч.

Минатиот месец, самиот Погба призна дека му е сон да игра за Реал Мадрид, а позната е и неговиот респект кон Зинедин Зидан. Единствен проблем е тоа што Реал, откако изминатото лето не донесоа ниту еден играч, има и други посакувани играчи, како Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен.

Scroll to Top