Постојат мали проблеми на релација Реал Мадрид-Серхио Рамос, а причината е новиот договор на капитенот, тврди „АС“. Договорот на Рамос со клубот истекува за 16 месеци, а досега клубот не навестил дека ќе започне преговори околу новиот договор.
Логиката на Реал е јасна. Кога ќе му истекне договорот Рамос ќе има 35 години. Од оваа дистанца тие не можеле да проценат во каква состојба ќе биде тогаш Рамос и поради тоа не планирале да му понудат нов договор.
Од друга страна Серхио Рамос сакал договор до 2023 година.
„И покрај лидерската улога што ја има на теренот и во соблекувалната клубот нема да ја прифати неговата идеја за нов двегодишен договор. По наполнети 32 години Реал на своите ветерани им дава договор година за година, а не повеќегодишни договори. Најголемиот проблем е финансискиот фер-плеј. Реал нема намера на 35 годишен играч да му плаќа годишно 14 милиони евра“, пишува „АС“.
Серхио Рамос е во Реал од 2005 година и досега три пати го продолжувал договорот со клубот. Првиот пат во 2011, вториот во 2015 кога застојот во преговорите се обидоа да ги искористат од Манчестер Јунајтед и последен пат во 2017 година.
Интересно во овој век Реал има проблеми со капитените, ниту еден не ја дочекал пензијата во клубот. Фернандо Јеро на 35 години замина во Ал-Саријан, Раул на 33 се пресели во Шалке, а на 34 годишна возраст Икер Касилјас замина во Порто.