Брахим Дијаз, еден од најголемите таленти на шпанскиот фудбал, ќе потпише шест годишен договор со Реал Мадрид. Дијаз е играч на Манчестер сити, неодамна Пеп Гвардиола изјави дека тој е иднината на клубот, меѓутоа 19-годишникот решил да се врати во Шпанија.
„Две цели ќе остварам со еден потег, ќе се вратам со семејството во Шпанија и ќе потпишам за Реал“, рекол Дијаз.
Инаку, Реал за Дијаз на Манчестер сити ќе им плати 15 милиони евра, а фудбалерот ќе добие годишна плата во износ од 3,5 милиони евра.
Договорот на Дијаз со Сити истекува по завршувањето на сезоната, тој одбил да потпише нов, поради што во клубот решиле да го продадат. Во спротивно, Дијаз, без обесштетување ќе можел да замине по завршувањето на сезоната.
Со овој трансфер Реал прекинаа четири годишна традиција да не потпишуваат фудбалери во зимскиот преоден рок. Последен кој го засилил реал во јануари бил Бразилецот Лукас Силва во 2015 година.