Вечерва во Лигата на шампионите на програмата се нови два натпревари, од кои едниот е оној кој по извчекувањето на двојките привлече најголемо внимание. Актуелниот европски првак Реал, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречка ПСЖ. Вториот меч е се игра на „Драгао“ во Порто, каде гостува Ливерпул.
Реал Мадрид има една од најлошите сезони во последните десетина години, главниот играч Кристијано Роналдо не блеска, одбраната е преполна со „дупки“ и поради тоа се наметнува прашањето што ќе прави Реал во дуелот со тимот кој го предводи „страшното“ трио Мбапе-Кавани-Нејмар.
Сепак и доколку ПСЖ во моментов е во подобра серија, искуството, што во ваквите мечеви може да биде пресудно е на страната на мадридскиот клуб.
Надежите на оние на кои белата боја им е во срцата се дека ПСЖ ќе биде доволна мотивација за Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди, конечно да одиграа натпревар кој ќе биде на ниво на изданијата кои тимот ги имаше минатата и предминатата сезона.
„Задоволен сум што ќе го играме овој натпревар. Нема дополнителен притисок во овој момент. Не менувавеме ништо во начинот на подготвките. Не размислувам за својата иднина во клубот, туку за натпреварот што е пред нас“, рекол тренерот на европскиот првак Зинедин Зидан.
ПСЖ блеска оваа сезона на сите фронтови, предводени од најскапиот светски играч Нејмар, тимот е во трка за сите трофеи во натпреварувањата во кои игра.
Францускиот тим несомнено има голем напаѓачки потенцијал, но исто така има и слабости во дефанзивата.
ПСЖ пред паот за Шпанија се потсети на минатосезонското гостување во Барселона кога настрада со 6:1.
„Можеби подготвките за овој меч тргнаа од тој натпревар. Кога работите не се добри, тогаш можете да научите многу работи. Тимот е максимално подготвен да се натпреварувана ова ниво. Имаме искуство и сега сме подобро подготвени“, рекол предводникот на ПСЖ, Унаи Емери.
Во најавата на натпреварот, што започнува во 20:45 часот, тренерот на „кралскиот клуб“ рече дека ова нема да биде преметка на Роналдо и Нејмар, туку колективен дуел во кој играат Реал и ПСЖ:
Потенцијални состави:
Реал: Навас – Начо, Серхио Рамос, Варан, Марсело – Каземиро, Крос, Модриќ – Бејл, Бензема, Роналдо
ПСЖ: Ареола – Дани Алвеш, Маркињос, Тијаго Силва, Берчиче – Верати, Дијара, Рабио – Мбапе, Кавани, Нејмар
Вториот вечерашен дуел гарантира добар фудбал во кој актери се фудбалерите на Порот и Ливерпул.
Ливерпул е тим кој не знае да игра дефанзивно, нападот е најдобриот дел од тимот, а и вечерва во центарот на вниманието ќе бидат Мо Салах и Роберто Фирмино. Порто на домашен терен не се плаши од никого и доколку го постигне посакуваниот баланс помеѓу средниот ред и нападот тогаш може да биде многу опасен.
Во 2007 година играа овие два тима во Лигата на шампионите, а дуелот во Порто заврши 1:1.
Потенцијални состави:
Порто: Жосе Са – Макси Переира, Маркано, Рејес, Алекс Телес – Рикардо, Серџо Оливеира, Ерера, Брахими – Марега, Шоареш
Ливерпул: Кариус – Александер-Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон – Окслејд-Чембрлејн, Хендерсон, Вајналдум – Мане, Салах, Фирмино