Top Sport

Реал подготвени да се растрошат за да го добијат Белингем

Реал Мадрид се подготвени да дадат огромна понуда за Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, така „спречувајќи“ го неговото пристигнување во Премиерлигата, каде Ливерпул, Манчестер сити и Челси се заинтересирани за неговиот потпис.

Младиот англиски талент ќе биде мета на повеќе понуди во текот на летото, а бидејќи има договор со Дортмунд до 2025 година, кој да сака да ги добие неговите услуги ќе треба добро да плати. Се веруваше дека Ливерпул се први фаворити за неговиот потпис, Реал Мадрид влегуваат силно во играта.

Според „АС“, претставници на кралскиот клуб веќе биле во Дортмунд на преговори со Белингем и нговото семејство, и се свесни дека ќе треба добро да платат за 18-годишниот таент. Според изворите на весникот, тие се подготвени да дадат фантастични 140 милиони еврам сума која Ливерпул сигурно нема да ја достигне. Тие исто така додаваат дека Белингем веќе им кажал на своите соиграчи дека сака да игра кај 14-кратните европски шампиони.

Scroll to Top