Реал Мадрид не се откажуваат од евентуалниот трансфер на Пол Погба. Цело лето се шпекулираше околу заминувањето на Погба од Манчестер Јунатед, на крајот тој не замина бидејќи Реал не можеа или не сакаа да издвојат 160 милиони евра за него.
„Билд“ пишува дека Зинедин Зидан, тренерот на Реал, нема намера да се откаже и дека нов напад на Реал за Погба ќе има во јануарскиот преоден рок.
Според овој извор Реал во трансферот на Погба биле подготвени да го вклучат Тони Крос, иако Германецот кон крајот на минатата сезона го продолжил договорот.
Наводно Реал за Погба на Манчестер покрај Крос би им понудиле и 20 милиони евра.
Се претпоставува дека пазарната вредност на Погба е 100 милиони, а на Крос 80 милиони евра.