Реал Мадрид покажале интерес за младиот фудбалер на челси, Калум Хадсон-Одои. „Кралскиот клуб“ ќе испрателе понуда за крилниот наопаѓач во летниот преоден рок шпекулираат шанските медиуми.
Хадсон-Одои во септември потпиша нов договор со Челси. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 175 милиони евра.
Сепак, Хадсон-Одои ќе биде резервна опција за Реал. Во случај „Флорентино Перез да не успее да го донесе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ тогаш клубот ќе се насочи кон Хадсон-Одои.
Калум Хадсон-Одои има одиграно 36 натпревари за Челси, постигнал шест гола и забележал девет асистенции.