Top Sport

Реал првпат од 2010 ја завршуваат сезоната со нула трофеи

Атлетико Мадрид ја освоија титулата од Ла лига вчера во драматичното последно коло, што значи дека нивните градски ривали Реал Мадрид завршуваат една фудбалска сезона без трофеј првпат од сезоната 2009/10.

„Лос бланкос“ загубија од третолигашот Алкојано во Копа дел реј, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани од Челси во полуфиналето.

Последен пат без трофеј, Реал беа пред 11 години, кога беа елиминирани од Алкоркон во Копа дел реј, а во Лигата на шампионите беа елиминирани од Лион во осминафиналето. По таа сезона, Реал доминираа во Европа, градејќи силен тим предводен од Кристијано Роналдо, освојувајќи ја ЛШ четири пати едноподруго.

Прва „жрвта“ на ваквата сезона, најверојатно ќе биде тренерот Зинедин Зидан, а шпанските медиуми претходно шпекулираа дека клубот ќе продаде дури 9 фудбалери.

„Мораме да им честитаме на Атлетико, заслужија да се шампиони. Подоцна и со смиреност ќе зборуваме за мојата иднина. Благодарам на фановите кои не поддржуваа, и верувајте го дадовме максимумот“, изјави Зидан по 2:1 победата над Вилјареал.

Scroll to Top