Top Sport

Реал се буди, Ла Коруња ја испрати со седум гола (Видео)

Фудбалерите на мадридски Реал ја прегазија Ла Коруња на „Сантијаго Бернабеу“ со 7:1 во рамките на 20.коло во Ла Лига.

Избраниците на Зинедин Зидан по три последовни неуспеси во првенството успеаја да забележат победа, иако мечот лошо започна за Реал, кога во 23.минута Адријан постигна гол за Ла Коруња.

Реал веќе до полувремето направи пресврт, најпвин во 32.минута израмни Начо, а десет минути подоцна Бејл со еден од најубавите голови во сезоната му донесе предност на „кралскиот клуб“. Асистент за првите два гола на Реал беше Марсело.

Во второот полувреме фудбалерите на Реал уште пет пати ја погодија мрежата на Рубен.

Бејл го постигна својот втор гол во 58.минута, десет минути подоцна погоди Модриќ, па два гола во 78. и 84.минута постигна Кристијано Роналдо, а серијата ја заврши Начо во 88.минута.

Реал со оваа победа стигна до 35 бода во Ла Лига и се врати на четвртото место на табелата.

Во наредното коло Реал ќе гостува во Валенсија, а Ла Коруња ќе игра со Леванте.

Scroll to Top