Реал Мадрид не ја кријат својата заинтересираност за Килијан Мбапе. Договорот на младиот напаѓач со ПСЖ истекува во јуни 2022 година. Напредок во преговорите помеѓу двете страни нема, што ќе се обиде да го искористи Реал во летниот преоден рок.
Јасно е дека доколку Мбапе не го продолжи договорот, дека тогаш ПСЖ ќе мора да го продаде по завршувањето на сезоната, за да заработи пристојна сума од трансферот. Во спротивно „светците“ ќе ризикуваат напаѓачот бесплатно да замине од Париз.
Она што е интересно е што во Реал, ќе навиваат за Барселона во престојните пресметки со ПСЖ, во Лигата на шампионите. Во Мадрид се сигурни дека Мбапе веднаш ќе побара трансфер доколку ПСЖ не успеат во осмина-финалето да ја минат Барселона.
Килијан Мбапе, во 2018 година, од Монако пристигна во ПСЖ за сума од 180 милиони евра.