Top Sport

Реал се откажаа од Почетино?

Реал Мадрид веќе не се заинтересирани да го ангажираат менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, јавува британскиот „Скај спорт“.

По неочекуваната оставка на Зинедин Зидан во четвртокот да си замине од Реал, европските шампиони го посочија Почетино како најдобар избор. Меѓутоа, на сцена дојде новиот петгодишен договор на Почетино со Тотенхем, и тоа што не постои излезна клаузула. Реал немаат намера да преговараат со Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, со кого се намачија за трансферите на Лука Модриќ и Герет Бејл.

„Во Реал се свесни дека со негово ангажирање има многу позитивни работи, посебно фокусот на младите играчи. Но, ги очекуваа преговори од еден месец, и без гаранции дека Даниел Леви ќе попушти. Тоа ја прави ситуацијата на Реал Мадрид многу тешка за преговарање“, вели шпанскиот новинар Гилјем Балагуе.

Реал двапати не успеаја да донесат тренери од Премиер лигата, откако Рафел Бенитез и Арсен Венгер ги одбија, но ситуацијата е поинаква, бидејќи овојпат Почетино не стигна да го даде одговорот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top