Top Sport

Реал се помириле дека Серхио Рамос заминува

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид се помириле со фактот дека капитенот Серхио Рамос нема да остане на „Сантијаго Бернбаеу“, откако ветеранот ги известил дека нема да ја прифати понудата за едногодишен, но ниту за двогодишен договор.

Според „КОПА90“, Флорентино Перез и управата на Реал сметаат дека работата е завршена и нема да му понудат нов договор, а се оди дотаму и се тврди дека Рамос веќе се простил со соиграчите и со луѓето во клубот, најавувајќи трансфер во „европски клуб“.

Досега тој беше поврзуван најчесто со Пари Сен-Жермен, но и со Манчестер јунајтед во последните неколку недели.

Scroll to Top