Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Светското клупско првенство откако со пресврт славеа над Ал Џазира со 2:1 (0:1).
Реал во Абу Даби, вложи многу труд против тимот кој во своите редови има само двајца странци.
Ал Џазира на полувремето имаше сензационална предност со голот на Ромарињо во 41.минута. Најдобар играч на домашниот тим во првиот дел беше голманот Ал Сенани кој одбрани неколку тешки топки.
Ал Џазира постигна уште еден гол преку Бусуфа кој беше поништен поради офсајд.
Најдобриот играч на Ал Џазира, голманот Ал Сенани се повреди во 51.минута, на негово место влезе Хусани, а две минути подоцна Кристијано Роналдо го постигна израмнувачкиот гол.
Пресвртот Реал го комплетираше во 81.минута кога заборавениот Герет Бејл беше прецизен и го однесе Реал во финалето.
Реал во финалето ќе игра против првакот на Јужна Анерика Гремио. Бразилскиот тим вчера по продолжението со 1:0 ја победи Пачука.
Финалето ќе се одигра на 16.декември.