Top Sport

Реал, сепак, успеа да се соземе за победа над Џирона (видео)

Реал Мадрид продолжува со променливата форма, откако во првиот меч од 1/16 финалето на Копа дел реј на „Сантијаго Бернабеу“ извлече 4:2 победа над малиот каталонски клуб Џирона, најавувајќи интересен реванш.

Антони Лозано во седмата минута ги шокираше „Лос бланкос“, но сепак, до крајот на полувремето домаќините го преземаа водството со головите на Лукас (18. минута) и Серхио Рамос (42. минута со интересен пенал).

Џирона не се предаде и во 66. минута израмни на 2:2, овојпат и тие со гол од пенал на Гранел, но Рамос со својот втор гол и Карим Бензема во последните 15 минути обезбедија Реал да оди со предност во Каталонија.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ

Еспањол – Реал Бетис 1:1

Реал Мадрид – Џирона 4:2

Фото: ЕПА

Scroll to Top