Top Sport

Реал со необична клаузула му го продолжија договорот на Бензема?

Карим Бензема ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ барем уште една сезона, откако Реал Мадрид му го продолжи договорот користејќи „непишана“ клаузула во неговиот договор поради освојувањето на „Златната топка“, тврди шпанскиот „АС“.

Французинот, кој ќе наполни 36 години во декември, според изворите на медиумот прифатил дека следната сезона ќе биде негова последна во белиот дрес, бидејќи бразилскиот тинејџер Ендрик пристигнува во 2024 за да ја преземе неговата „деветка“.

И покрај годините, Бензема не запира со својата голгетерска форма, откако во 34 настапи оваа сезона имаа 25 гола и покрај тоа што паузираше поради повреда на бутниот мускул.

Scroll to Top