Top Sport

Реал Сосиедад на клупскиот грб ја стави сликата на легендарниот капитен

Чаби Прието е фудбалска икона на Реал Сосиедад од Сан Себастијан. Целата своја кариера овој 34-годишник ја минува на „Аноета“, а во сабота (12:30 часот), против Леганес ќе го одигра својот последен натпревар во кариерата пред домашната публика.

Прието е роден во Сан Себастијан, на подмладокот на Реал Сосиедад му се приклучил во 2000 година. За Сосиедад настапил на повеќе од 530 натпревари, а иако со клубот не освоил ниту еден трофеј никогаш не помислил да ја напушти „Аноета“.

За неговата верност клубот реши да му се оддолжи со еден прекрасен гест. На натпреварот против Леганес, играчите на Сосиедад ќе играат во посебни дресови на кои на местото каде што треба да стои клупскиот грб ќе стои грбот посветен на капитенот.

„Чаби секогаш играч за грбот и поради тоа Реал Сосиедад на неговиот последен меч на „Аноета“ ќе го носи него како грб“, соопшти клубот.

Scroll to Top