Top Sport

Реал Сосиедад: Со вакво судење невозможно е да се победи Реал

„Невозможно“ ова е насловот на извештајот по мечот Реал Сосиедад-Реал Мадрид 1:2 кој клубот од Сан Себастијан го објави на својата официјална интернет страница.

Во Реал Сосиедад се бесни како судијата Фернандез ја делеше фудбалската правда на теренот.

Реал првиот гол го постигна од пенал кој го избори Винисиус Жуниор по диелот со Љоренте. За луѓето од Сан Себастијан пеналот е спорен. Потоа ВАР го поништи голот на Јанузај.

„Секогаш е тешко да го победите Реал. Понекогаш, како што тоа беше случај на овој натпревар е уште потешко. Прво им е досуден сомнителен пенал по дуелот на Љоренте и Винисиус, а потоа неоправдано е поништен голот на Јанузај поради наводен офсајд. Нашиот играч Мерино воопшто не му пречеше на голманот на Реал“, пишува Реал Сосиедад на својата интернет страница.

Покрај во Сан Себастијан со „дрвја и камења“ по судијата Фернандез фрлаат и медиумите од Каталонија, бидејќи Реал Мадрид ја презеде лидерската позиција од Барселона.

„Реал ја зголемија колекцијата на спорни судиски одлуки кои му одат во прилог откако продолжи првенството. Против Реал Ссиедад добија сомнителен пенал, а на домаќините им е поништен гол поради спорен офсајд“, пишува „Мондо Депортиво“.

Во последните осум кола Реал и Барселона влегуваат со по 65 поени, меѓутоа тимот од Мадрид има нешто полесен распоред.

Scroll to Top