Top Sport

Реал триумфално се враќа од Севилја, „Кралевите“ највисоко во Ла Лига

Реал Мадрид потешко од очекувањата стигна до победа на гостувањето во Севилја кај тимот на Бетис. „Кралевите“ славеа победа со 1-0 благодарение на голот на дефанзивецот Дани Карвахал на асистенција на Карим Бензема во 61 минута.

Домаќините во најмала рака беа рамноправен противник со фаворитот, имаа дури и повеќе упатени удари во рамки на голот на Куртоа од противникот. Сепак Белгиецот беше на висината на задачата, посебно во 97 минута кога ја скроти топката во последниот домашен напад.

Сега Реал, по 3 одиграни натпревари ќе преноќи на првата позиција на табелата со 7 бода и гол разлика 8-4. Таму ќе бидат барем до утре кога Атлетико (М) игра со Вилјареал. Ако „јорганџиите“ слават победа, тие ќе се лидери во Ла Лига.

Бетис, пак, останува 14-ти со 2 нерешени и 1 пораз.

Scroll to Top