Top Sport

Реал веќе го продава дресот со број 7 на Еден Азар

Иако Реал Мадрид уште не го потврдил трансферот на Еден Азар од Челси, официјалната продавница на клубот на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона веќе го продава неговиот дрес, и тоа со број 7.

Цената на дресот е фантастични 147.95 евра, и значи дека Белгиецот ќе го преземе бројот кој го користеше Маријано Диаз минатата сезона. Од „Марка“ велат дека контактирале со продавницата и дека тие потврдиле дека таков дрес е веќе на продажба.

Scroll to Top