Top Sport

Реал во „лов“ на Исак, Сосиедад бара 70 милиони евра

Реал Мадрид се последниот голем клуб кој покажува интерес за шведскиот напаѓач на Реал Сосиедад, Александер Исак, но баскискиот клуб останува на своето – тој може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула од 70 милиони евра.

21-годишниот Исак беше еден од најдобрите шведски репрезентативци на ЕУРО 2020 и иако нема постигнато гол, има асистенција и посебно импресионираше на улогата на „деветка“ при ремито со Шпанија.

Според шпанскиот весник „АС“, Реал Мадрид и Арсенал се најзаинтересирани за Исак, а бонус за „кралевите“ е тоа што фудбалерот е претставуван од агенцијата „Универзал спортс груп“, која го претставува и Лука Модриќ. Исак би бил далеку поефтино решение од Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд, двајца фудбалери на радарот на „кралевите“.

Исак дојде во Сосиедад од Борусија Дортмунд во 2019 година, а кариерата ја започна во шведскиот АИК Стокхолм. Тој имаше 16 гола во деби-сезоната, а минатата сезона имаше 17 гола и беше дел од тимот кој ја освои титулата од Копа дел реј во април.

Александер Исак е првата ѕвезда на шведскиот тим

Scroll to Top