Top Sport

Реал во минус 100 милиони евра

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид, поради пандемијата на коронавирусот, пријави загуба од 100.000.000 евра. Клубот наведе дека приходите паднале за 13 отсто, во однос на минатата сезона, која клубот ја завршил во плус од 313.000 евра.

За оваа сезона Реал проектирале буџет од 617.000.000 евра. Поради финансиската криза и пандемијата буџетот е помал за околу 300.000.000 евра од планираното.

Играчите и тренерите на фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, прифатија, оваа година, нивните плати да бидат намалени за 10 отсто.

Scroll to Top