Top Sport

Реал заинтересиран за „новиот Кака“

Реал Мадрид очигледно добро го следат бразилскиот фудбал, бидејќи следна мета е уште еден млад талент од оваа земја, Игор Гомеш, кого во неговата татковина веќе му го дадоа прекарот „Новиот Кака“.

„Лос бланкос“ веќе ги донесоа Винисуис Жуниор, Родриго и најновото засилување Реиниер на „Сантијаго Бернабеу“ во последните две години и сега следната мета е 21-годишниот фудбалер од средниот ред на Сао Пауло, кој сепак, во својот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра. Барселона, Севилја и Ајакс во минатото покажуваа интерес за Гомеш, кој веќе има 44 настапи за Сао Пауло и пет гола.

Клучен човек повторно ќе биде долгогодишниот соработник на Реал од Бразил, Вагнер Рибеиро, кој беше одговорен за пристигнувањето на Робињо во Мадрид и за преговорите (на крај неуспешни) со Нејмар. Самиот Кака неодамна го пофали Игор Гомеш.

„Не е убаво да се прават споредби, бидејќи така се поставува голем притисок на него, но да, вистина е дека тој потсетува на мене во стилот на игра“, изјави Кака.

Scroll to Top