Top Sport

Ребиќ се сели во Бешикташ

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ е отпишан од Милан и сигурно е дека летово ќе го смени клубот. Според италијанските медиуми, спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, од трансферот на Ребиќ да заработи од 10 до 15 милиони евра.

Планот на Малдини ќе се оствари но не како што тој замисли. Турски „Фотомач“ пишува дека Бешикташ испратил понуда која Милан веќе ја прифатил.

„Операцијата Ребиќ започна. Бешикташ испрати понуда која Милан веќе ја прифати. Хрватскиот фудбалер треба да оди на позајмица со право на откуп, а турскиот клуб ќе плати 60 отсто од платата на Ребиќ. Доколку Милан реши да го продаде по позајмицата ќе добие осум милиони евра“, наведува турскиот медиум.

Италијанскиот „Скај Спорт“, напиша дека клуб од Бундеслигата каде што се прослави играјќи за Ајнтрахт под водство на Нико Ковач е реална опција за Ребиќ.

Тој има договор со Милан до 2025 година, но речиси е невозможно да остане таму уште две години. Сезонава постигна само три гола и затоа се најде на трансфер листата.

Scroll to Top