Top Sport

Ребиќ го „моли“ Јовиќ да му се приклучи во Милан

Милан имаат нов пристап во убедувањето на Реал Мадрид и Лука Јовиќ за трансфер на српскиот напаѓач на „Сан Сиро“, нудејќи опција со двегодишна позајмица со опција за купување, тврди „Калчомеркато“.

Според нивните извори, договорот е сличен со тој со кој го донесоа Анте Ребиќ од Ајнтрахт Франкфурт, а самиот Хрват е наводно клучен во целиот договор, бидејќи тој го убедува поранешниот соиграч од Франкфурт да му се приклучи во Серија А.

Иако Реал Мадрид платија 60 милиони евра за Србинот, тој успеа да погоди само двапати во 24 меча, а по ова следуваше бурниот период за време на корона кризата. Јовиќ успеа да добие кривична пријава во Србија поради прекршување на карантинот, а по враќањето во Шпанија се откри дека има фрактура на стапалото.

22-годишниот Јовиќ има договор со Реал до јуни 2025 година, а најголема пречка за остварување на овој трансфер е неговата (пре)висока плата.

Scroll to Top