Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ за само еден месец го помина патот од анонимус до херој кај калчолигашот Милан. „Сан Сиро“ синоќа повторно му скандираше (го постигна единствениот гол во мечот со Торино, 1-0).

„Газета дело Спорт“ пишува во суперлативи за него, а славниот ТВ коментатор, Тицијано Крудели паѓа се почесто во делириум по головите на Хрватот.

Пред еден месец Крудели по првиот гол на Ребиќ за „Росонерите“ плачеше од среќа и трчаше низ студиото, а ништо помалку возбуден не беше и синоќа.

Погледнете: