Еден од најдобрите играчи на Милан оваа сезона Анте Ребиќ во интервју за „Спортвик“ на „Газета дело Спорт“, рекол дека дел од ѕвездите на Јувентус се плачковци.
Милан пред десет дена со спектакуларен пресврт успеа да го победи Јувентус со 4:2. При резултат 0:2, Ребиќ се обиде да изнуди пенал за Милан, а голманот на Јувентус Војчех Шчесни му доврли дека не треба да глуми.
„Мојот одговор дојде подоцна, на поинаков начин. Ментално сум силен, провокациите дополнително ме мотивираат“, рекол Ребиќ кој во 81 минута го постави конечниот резултат 4:2.
Потоа хрватскиот репрезентативец „удрил“ по играчите на Јувентус.
„На натпреварот со Јувентус нешто му одговорив на Гонзало Игуаин. Не сакам такви играчи. Силен е, голем, а плаче и се тркала по теренот и по три минути кога ќе го допреш. Таков е и Федерико Бернардески“, рекол Ребиќ и дополнил.
„И Златан е силен и голем, но тој не плаче. Кога ќе го удриш веднаш станува“.