Анте Ребиќ стави крај на шпекулациите околу неговата иднина, потпишувајќи нов четиригодишен договор со Ајнтрахт Франкфурт, решавајќи иднината да ја гледа во клубот со кој лани го освои ДФБ купот.
Хрватскиот репрезентативец беше поврзуван со Манчестер јунајтед, но и Баерн Минхен (кај својот поранешен тренер и сонародник Роберт Ковач), но реши да остане во Франкфурт.
„Анте беше еден од најдобрите фудбалери на Светското првенство и не можеме да криеме дека предизвика голем интерес. Но, Ајнтрахт успеа да го задржи и покрај интересот на силните клубови и со тоа покажа дека ’орлите’ се на вистински пат. За многу фанови на Ајнтрахт, Анте е гордост, не само поради неговите два прекрасни голови во финалето на купот“, вели спортскиот директор на клубот, Фреди Бобич.
Zur Feier des #Antedankfest gibt es nur heute den Rebic-Flock gratis beim Kauf eines Trikots ?#SGE #Rebic2022
▶️ https://t.co/Uu38XWBuZC pic.twitter.com/gQHVdebK6F— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) August 10, 2018