Top Sport

Рецепт за освојување титула – бакни го Марадона

Карлоз Тевез во кариерата бил ѕвезда на неколку врвни клубови (Манчестер Јунајтед, Манчестер сити, Јувентус), но никогаш не криел дека неговата единствена фудбалска љубов е Бока Јуниорс.

Популарниот Карлито со својот гол против Химназија Ла Палта, а благодарение на киксот на Ривер Плата кај Атлетико на својот тим му ја донесе 34 титула во историјата.

Голот што им ја донесе титулата на Бока Тевез го постигна во 73 минута.

Пресреќен поради ваквиот развиј на настаните Тевез на новинарите им открил дека во уста го бакнал Диего Марадона пред натпреварот. Смета дека тоа му донело среќа. Исто така тој го пофалил и потпретседателот на клубот Хуан Роман Рикелме.

„Роман е многу важен, гтоа беше јасно од нашиот прв разговор. Ми помогна повторно да го најдам тој Карлитос во себе, а ова не наградата – Роман е во ложата, а јас постигнувам гол. Знаев дека морам да го бакнам Диего тоа ми донесе среќа“, рекол 36 годишниот Тевез.

Scroll to Top