Точно 17.689 луѓе го следеле натпреварот во четвртиот ранг на германскиот фудбал помеѓу Минхен 1860 и вториот тим на Нинберг на стадионот „Макс Морлок“.
Минхен 1860 на овој меч имаше поддршка од 14.000 свои навивачи кои направија спектакуларна кореографија.
„Не е важно дали е прва, втора, трета или четврта лига, синиот ѕид ве следи“, пишуваше на големиот транспарент на јужната трибина.
Интересно, домаќинот Нинберг, до крај ги испочитува гостинските навивачи, поради што почетокот на мечот доцнел 15 минути за да можат сите да влезат на стадионот.
Натпреварот заврши 2:2, иако Минхен на полувремето водел 1:2.