Top Sport

Реџина на Пипо Инзаги исфрлена од Серија Б

Реџина, клубот каде што тренер е легендарниот Филипо Инзаги, и официјално се исфрлени од Серија Б за сезоната 2023/24 поради неисплатени долгови и финансиски нерегуларности, додека Лечо ја доби жалбата и ќе игра во италијанската втора лига на „заменски стадион“.

Реџина беше презмена од англискиот фонд „Гилд капитал“, но тоа не било направено во предвидениот рок, по што клубот е преселен во аматерски ранг. Од клубот најавија жалба на оваа одлука до врховниот суд во Италија.

Лечо, пак, доби дозвола да игра на стадионот „Еуганео“ во Падова, откако нивниот стадион „Ригамонти-Чепи“ беше оценет како неприкладен за второлигашки клуб.

Scroll to Top