Top Sport

Редондо: Реал мора да му дозволат на Рамос да остане до пензија

Серхио Рамос би морал да се пензионира во Реал Мадрид, вели поранешниот фудбалер од средниот ред на „кралевите“, Фернандо Редондо.

Редондо, кој освои две титули од Лигата на шампионите со клубот од „Сантијаго Бернабеу“, смета дека капитенот на Мадрид има уште многу што да покаже иако минатиот месец наполни 34 години. Договорот на Рамос завршува во 2021, но Редондо вели дека не смее да се повтори „грешката“ која беше направена со Икер Касилјас и Раул, две легенди кои кариерата ја завршија надвор од шпанската престолнина.

„Серхио има многу фудбал во него. Тој е физички подготвен, а исто така е и огромен професионалец и треба да се дозволи тој да реши кога да ја прекине кариерата. Логично, тоа треба да се случи во Мадрид и да остане поврзан со клубот и по крајот“, вели Редондо во интервју за „АС“.

Scroll to Top