Голема трагедија се случи на стадионот на Лориен, по завршувањето на натпреварот помеѓу домашниот тим и Рен, одигран во 16.коло во Лига 1.
По завршувањето на натпреварот, луѓето задолжени за одржувањето на теренот, ја поставувале опремата за светлосна терапија на тревникот. По неколку минути, откако ја поставиле опремата, еден од рефлекторите паднал врз еден од работниците.
Несреќниот човек бил веднаш префрлен во болницата во Лориен, а два часа подоцна им подлегнал на повредите.
Според локалните медуми, починатиот човек имал 38 години и бил татко на три деца.