Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на САД, Клаудио Рејна, критички се осврна на науспехот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.
САД со шокантинот пораз од Тринидад и Тобаго во последното квалификациско коло (2:1) и првпат по 1986 година нема да бидат дел од најголемата фудбалска смотра.
По поразот, селекторот Брус Арена поднесе оставка, а јавноста бара оставка и од претседателот на Федерацијата, Сунил Гулати.
Еден од најголемите критичари е е поранешниот капитен Клаудио Рејна, кој сега е директор во Њујорк Сити.
„Пристапот кон спортот, кон тренинзите и однесувањето е погрешен. Арогантни сме, егоистични сме, а никогаш не сме освоиле или направиле нешто конкретно. Тоа не е случај во остатокот од светот. Кога ќе се разочарате како ние неодамна, а и претходно сме биле во слични сутуации, тогаш станува збор за однесувањето. Имаме тренери кои мислат дека се подобри отколку што се навистина. Мислиме дека работиме добро, а не е така. Додека не прифатиме дека не сме она што мислиме дека сме ќе останеме медиокритети“, жестотоко коментира Рејна.
Клаудио Рејна во кариерата бил играч на Баер Леверкузен, Волфсбург, Глазгов Ренџерс, Сандерленд, Манчестер Сити и Њујорк Ред Бул. За репрезентацијата на САД, во периодот од 1994 до 2006 година одиграл 112 натпревари и постигнал осум голови.