Реал Мадрид агресивно влегоа во преодниот рок, веќе потрошија 303 милиони евра на нови играчи: Менди (50 милиони евра), Јовиќ (65), Азар (100), Едер Милитао (50) и Родриго (54), а круна на преодниот рок би бил трансферот на Клијан Мбапе.
Тренерот Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез интензивно работеле на трансферот на најдобриот млад фудбалер во светот, Килијан Мбапе тврди новинарот на „Мундо Депортиво“, Франсеск Агилар.
Мбапе, наводно не е задоволен во ПСЖ, пред се од односите што ги имал со тренерот Томас Тухел и првата ѕвезда Нејмар. Поради тоа се шпекулира дека тој сака да го напушти Париз.
Реал не ја крие желбата дека има намера да го ангажира Мбапе, меѓутоа прашње е колкаво обесштетување ќе побараат од ПЖ доколку решат да го продадат својот напаѓач, за кого издвоија 180 милиони евра.
Се претпоставува дека сумата нема да биде помала од 200 милиони евра. Тоа веќе е проблем за Реал бидејќи веќе потрошија 303 милиони евра, а наводно трансфер-буџетот за ова лето е 500 милиони евра.
Покрај тоа во Мадрид се очекува да пристигне и еден играч од средниот ред кој исто така нема да биде евтин. Прашање е само дали тоа ќе биде Кристијан Ериксен или Пол Погба.
Покрај тоа Реал ќе мора да продава играчи за да остане во границите на финансискиот фер-плеј и да избегне евентуални санкции од УЕФА.
На трансфер листата се Иско, Хамес Родригес, Бејл, Ковачиќ, Навас, Лукас Васкез, Себаљос, Љоренте, Начо, Валјехо, Маријано Диас, Мајорал, Раул Де Томас, Лука Зидан и Лукас Силва.