Top Sport

Рекордерот Абреу со маса по своите фанови!

Себастијан Абреу уште еднаш покажа зошто има прекар „Локо“ (лудиот), откако во текот на викендот фрли со метална маса кон навивачите на неговиот тим Аудaкс Италијано кои го критикуваа од трибините.

Фановите се свртеа против 41-годишниот Абреу во текот на целиот меч против Антофагаста, поради неговите слаби игри од доаѓањето во клубот минатиот декември, а 0:0 ремито значеше дека клубот има само една победа по 11 мечеви.

Абреу е славен во фудбалската историја поради два факта – прво славниот пенал со „Паненка“ за Уругвај на Светското првенство во 2010 година, а и по тоа што играл во дури 26 професионални клубови во својата кариера, што претставува „Гинисов рекорд“.

Scroll to Top