Top Sport

Реми без голови на Челси и Евертон (Видео)

Фудбалерите на Челси и Евертон одиграа 0:0, во претпоследниот натпревар од 12.коло, во Премиер лигата на Англија.

Неинтересен натпревар без многу гол-шанси имаа можност да гледаат фановите на Стенфорд Бриџ“.

Евертон се закани во 12.минута преку Бернард, Члеси возврати преку Маркос Алонсо во средишницата од првиот дел. До крајот на првиот дел уште еднаш се закани Алонсо. Пикфорд го одбрани неговиот удар.

Второто полувреме започна со обидот на Сигурдсон, а по еден час игра Вилијан не успеа да постигне гол за Челси.

Челси и по овој меч е без пораз, но со 28 бода е на третото место, додека Евертон се деветти со 19 бода.

Scroll to Top