Еспањол и Барселона одиграа 1:1 во каталонското дерби во 22.коло во Ла Лига. Дербито се играше по исклучително лоши временски услови, теренот беше натопен со вода, а на некои делови од теренот топката воопшто не отскокнуваше.
Првото полувреме заврши без голови, а во второто Еспањол го отвори резултатот преку Џерард Морено во 66.минута. Напаѓачот на Еспањол одлично реагираше по нафрлувањето на Серхио Гарсија.
Барселона израмни во 82.минута. Меси испрати центаршут, а Пике ја погоди мрежата на Еспањол.
До крајот на мечот немаше игра тутку само тензии меѓу фудбалерите, а главни катери беа Морено и Пике.
Барселона со четвртото реми во сезоната останува на првото место на табелата со 58 бода, додека Еспањол е 15. со 25 бода.