Top Sport

Реми во Мадрид, Атлетико и Севиља го губат чекорот со Реал и Барса (видео)

Интересен и ефикасен меч одиграа попладнево Атлетико Мадрид и Севилја на „Ванда Метрополитано“. На крај ги поделија бодовите, мечот заврши 2-2. Сите четири погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Гостите од Андалузија први дојдоа во водство. Де Јонг во 19 минута стрелаше за 0-1.

Сепак пулените на Чоло Симеоне брзо се вратија во ритам, па со два гола (32 и 36 минута) преку Мората од пенал и Жоао Феликс дојдоа во предност 2-1.

Пред да заврши првото полувреме, судијата досуди уште еден пенал. Овојпат за Севилја. Сигурен реализатор беше Окампос во 43 минута.

Во вториот дел Атлетико имаше дури 11 удари кон противничкиот гол, од кои само еден во рамките, но мрежите на двет екипи останаа мирни.

Севилја по овој меч е на третото место со 47 бода, додека Атлетико е петтопласиран со 45 бода.

Scroll to Top