Top Sport

Ремзи: Го избрав Јувентус поради Лигата на шампионите

Велшанецот Арон Ремзи вели дека избрал да ја прифати понудата од Јувентус за да помогне клубот да ја освои титулата од Лигата на шампионите.

Ремзи го напушти Арсенал како слободен играч за да направи трансфер во Серија А, и вели дека тешко ја поднесува паузата поради корона вирусот.

„Ги работам тренинзите кои ги планираше клубот, но не е исто кога тренираше со соиграчите и кога имаш мечеви, кога не се грижиш за вишокот килограми. Сега, мојата сопруга сака да готви, а јас сакам да јадам и тоа не е добра комбинација“, признава Ремзи.

Тој додава дека се чувствува одлично во Јувентус и покрај тоа што имаше мали проблеми со адаптацијата во Италија.

„Се наоѓаме во добра позиција на врвот на табелата, но ситуацијата сега е луда. Никој не знае што ќе се случи и кога ќе продолжиме. Но, мојата главна цел при трансферот во Јувентус беше да се освојуваат титули и да се оди на трофеј од Лигата на шампионите. Јуве се еден од најголемите европски клубови и иако имаше и други понуди, се чувствував дека ме сакаат во клуб со таква историја“, додава Ремзи.

Scroll to Top