Top Sport

Ремзи со хет-трик за „атомскиот“ Арсенал (видео)

Арсенал со 5:1 го „прегази“ тимот на Евертон благодарение на хет-трикот на Арон Ремзи, но и одличното деби на Хенрик Мхитарјан и Пјер-Емерик Обамејанг, кои го обновија партнерството од Борусија Дортмунд.

Исходот на мечот беше одлучен во првите 19 минути, во кои Ремзи со два гола и Косиелни со уште еден донесоа брза предност од 3:0. Мхитарјан, кој дојде од Манчестер јунајтед асистираше на првиот гол на Ремзи, а потоа и на „сомнителниот“ четврти гол на Обамејанг, негов прв во дресот на „топчиите“.

Доминик Калверт-Луис само три минути по влегувањето во игра во 64. минута го намали резултатот на 4:1, но Ремзи го комплетираше хет-трикот во 74. минута за веднаш потоа да биде изваден од игра.

Арсенал е на шестото место во Премиер лигата со 45 поени, три помалку од вечните ривали Тотенхем, додека Евертон се 10. со 31 поен.

Scroll to Top