Арон Ремзи имаше емотивно збогување со навивачите на Арсенал, ставајќи крај на 11-годишната верност на „топчиите“, откако веќе има договорено трансфер во Јувентус на крајот на сезоната.
Ремзи, заедно со голманот Петр Чех и Дени Велбек, доби почесна стража на „Емирати“ по 1:1 ремито со Брајтон, со кое Арсенал остана само со теоретски шанси за пласман во ЛШ следната сезона.
Велбек и Чех исто така добија аплаузи од страна на навивачите на Арсенал, но со Ремзи, „нивното дете“, беше сосема поинаква. Велшанецот влезе во историјата на Арсенал откако неговиот гол донесе титула по девет години пауза за лондонскиот клуб, победувајќи го Хал во ФА купот и тој неодамна изјави дека тоа му е најомилениот момент во клубот.
? A tearful Aaron Ramsey waves goodbye to the Emirates Stadium!
“A player of his quality shouldn’t be leaving.”
How do @Arsenal replace him? ???????
Watch live on Sky Sports Premier League or follow in-game clips and highlights here: https://t.co/ae9dwtS6hh pic.twitter.com/r8wTyZctVY
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 5, 2019