Top Sport

Рен се засилува за Лигата на шампионите

Рен се засилува за своето деби учество во фазата по групи во Лигата на шампионите. Клубот договори две засилувања од Јувентус и Интер, а чекаат и на третото од Арсенал. Сите играчи во Рен би играле како позајмени од нивните сегашни клубови.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Рен ќе му платат на Јувентус 1.500.000 евра за Даниеле Ругани, а на позајмица од Интер доаѓа и Бразилецот Енрике Далберт кој минатата сезона ја мина на позајмица во Фиорентина.

Рен биле во завршни преговори и со Арсенал околу Вилијам Садиба. И тој во Франција би се преселил како позајмен фудбалер.

Рен одлично ја започнаа сезоната во Франција, во првите пет кола од можните 15 освоија 13 поени (четири победи и реми).

Во Лигата на шампиони Рен ќе игра против Севилја, Челси и Краснодар.

Scroll to Top