Top Sport

Ренан Лоди ќе биде 18-тото засилување на Нотингем ова лето!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди денеска ќе ги заврши медицинските тестови во Нотингем форест, откако беше договорена позајмицата на Бразилецот, кој ќе биде неверојатен 18-ти нов фудбалер во новиот премиерлигаш.

Нотингем ќе плати 4.7 милиони фунти за позајмицата, со опција да го направат трансферот постојан на крајот на сезоната за 25 милиони фунти. 24-годишниот Лоди помина три „променливи“ сезони во тимот на Диего Симеоне и сега сака нов предизвик во Премиерлигата.

Нотингем по враќањето во Премиерлигата по 20-годишно искуство, ќе се обидат со богатите засилувања да обезбедат опстанок во елитата. Покрај Лоди, позвучни имиња во составот на Стив Купер се и Џеси Лингард, Чиеху Кујате, Неко Вилијамс, Морган Гибс-Вајт, Таиво Авонији и Вејн Хенеси. Форест веќе купија два леви бека во Хери Тофоло и Омар Ричардс, со што Лоди ќе има конкуренција во првиот тим.

Scroll to Top