Милан планираат да го наследат Френк Кеси со португалската ѕвезда Ренато Санчес следната сезона, но Арсенал уште не се откажуваат од поранешниот талент на Баерн Минхен.
Договорот на Португалецот со францускиот Лил завршува на крајот на сезоната, а откако „Ла газета дело спорт“ објави дека Милан е фаворит за неговиот потпис, Санчес во интервју со „Л’Екип“ призна дека Арсенал уште се заинтересирани.
„Можеби Милан и Арсенал се заинтересирани, но навистина не знам сигурно. Милан се голем клуб со историја и класа, навистина ми се допаѓаат“, изјави Санчес.