Top Sport

Ренато Санчез додаде до лого! (видео)

Еден од најинтересните моменти од вчерашните натпревари во Премиер лигата, беше потегот на освојувачот на наградата „златно момче“ за 2016 година, Ренато Санчес, кој успеа во мечот Челси-Свонси да додаде до рекламно пано!

Португалскиот играч од средниот ред, кој е играч на Баерн Минхен (за него платија 28 милиони фунти за трансферот од Бенфика), е на позајмица во Свонси. Но, ниту во Велс не му тргна на 20-годишниот плејмејкер.

Откако не успеа да пронајде играч во црвен дрес за да додаде, тој го забележа логото на „Карабао“ и реши да додаде до него. Реакцијата на менаџерот на Свонси, Пол Клемент исто така не е за потценување. Санчес беше заменет на полувремето од Лирој Фер.

Scroll to Top