Top Sport

Ренџерс го отпуштија Каишина

Тимот на Глазгов Ренџерс се раздели со менаџерот Педро Каишина, откако Португалецот помина само седум месеци на „Ајброкс“.

Одлуката била донесена откако Ренџерс одиграа само 1:1 со Килмарнок во средата, по што почнува потрагата за нов тренер.

„Греем Марти, актуелниот тренер на развојниот тим ќе биде одговорен за првиот тим во меѓувреме“, се додава во изјавата.

Португалецот Каишина беше ангажиран во март и победи во 14 од 26-те натпревари кои ги одигра шкотскиот гигант. Ренџерс се само четврти во шкотската Премиер лига со осум поени заостанување зад Селтик.

Scroll to Top